Дома Трансфер зона Позната најголемата трансфер желба на Милан

Позната најголемата трансфер желба на Милан

Италијанските медиуми пренесуваат дека играчот на Реал Мадрид, Марко Асенсио ќе биде примарна трансфер цел на Милан за следната сезона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Кралевите“ веќе подолго време работат на трансферот на Килијан Мбапе, па поради тоа се спремни да го продадат Асенсио.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Асенсио е спремен на лето да ја промени средината, па веќе започна битката за неговиот потпис.

Најсилен интерес покажува Милан, кој веќе работи на трансферот и сака да постигне договор со неговиот агент.

Шпанецот на лето сигурно ќе има повеќе понуди на маса, па „росонерите“ ќе треба да ја победат конкуренцијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…