Дома Трансфер зона Позната најголемата трансфер желба на Покетино

Позната најголемата трансфер желба на Покетино

Челзи не се откажува од намерата да го ангажира Моисес Каиседо од Брајтон и тоа ќе биде приоритет за „сините“ во летниот преоден рок.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Неколку гиганти од Премиер лигата го сакаа Еквадорецот уште во јануари, но Брајтон не сакаше да го пушти.

Сега ситуацијата е поинаква, Каиседо сигурно ќе ја промени средината, а Челзи сака да ја победи конкуренцијата.

Најголема желба на Покетино за засилување на средниот ред е токму Каиседо, па „сините“ се спремни да ги продадат Ковачиќ и Лофтус Чик за да го донесат Еквадорецот.

Брајтон за слободата на играчот за врска бара 70 милиони евра, сума која Челзи е спремен да ја плати и веќе стапил во контакт со неговиот агент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…