Италијанските медиуми пренесуваат дека Манчестер Сити се вклучил во трката по плејмејкерот на Сасуоло, Мануел Локатели.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Локатели кариерата ја започна во Милан, важеше се голем талент, но „росонерите“ не му веруваа и го продадоа на Сасуоло за 12 милиони евра.
Плејмејкерот го покажа својот потенцијал во Сасуоло и сега е стандарден член на италијанската репрезентација.
Неколку европски гиганти го следат Италијанецот, но медиумите на Апенините тврдат дека Јувентус е фаворит за неговиот потпис.
Локатели е голема желба на Андреа Пирло, кој се обиде да го донесе минатото лето. Сасуоло за слободата на плејмејкерот бара 40 милиони евра.
Јувентус е спремен да се ослободи од Арон Рамзи за да го финансира трансферот на 23-годишниот Италијанец.