Дома Фудбал Италија Позицијата на Инзаги не е сигурна, Интер му најде замена

Позицијата на Инзаги не е сигурна, Интер му најде замена

Позицијата на Симоне Инзаги на клупата на Интер не е сигурна, и покрај фактот што „нероаѕурите“ се пласираа во полуфиналето од ЛШ.

Инзаги влегол во конфликт со дел од раководството, па доколку не успее да заврши во Топ 4 во првенството сигурно ќе добие отказ.

Како фаворит за негов наследник се споменува Роберто де Зерби, кој е хит во Премиер лигата со Брајтон.

Де Зерби бележи одлични резултати и покажа дека е одличен тренер, па и самиот е спремен да направи чекор напред во кариерата.

„Газета дело Спорт“ пишува дека првите контакти помеѓу Интер и Де Зерби се веќе направени. Сепак, преговорите со Брајтон нема да одат лесно бидејќи тој има договор со англискиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

„Бомба“: Конте може да заврши во Истанбул!

Фенербахче активно бара нов тренер, а еден од водечките кандидати за улогата на главен стр…