Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер, кои пред неколку дена играа во финалето на Синсинати, би можеле да заиграат во дабл.
Тие двајца би требало да настапат во дабл на Лавер Купот кој се оддржува втора година по ред од 21. до 23. септември, а целта на овој куп е да стане традиционален и квалитетен турнир на кој секоја година, во друг град, ќе настапуваат најдобрите играчи на светот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Лавер Купот ќе биде одигран во Чикаго, а ќе биде собран тим од Европа и тим од светот. За тимот на Европа ќе настапуваат тандемот Ѓоковиќ – Федерер, Александер Зверев, Григор Димитров, Давид Гофин и Кајл Едмунд. Селектор ќе биде Бјорн Борг.
За тимот на светот ќе настапуваат Хуан Мартин Дел Потро, Кевин Андерсон, Џон Иснер, Џек Сок, Ник Кирјос и Диего Шварцман. Селектор ќе биде Џон МекЕнор.
„Би сакал да играм со Федерер. Немаме време на Турнирот нешто посебно да се дружиме, така што ова е убава причика некое време да минам со него и останатите тенисери“, истакна Ѓоковиќ кој се надева дека навистина ќе дојде до дабл кој би бил вистински спектакл за сите љубители на тенисот.
Инаку изминатата година на истата оваа манифестација пар во дабл конкуренција беа Рафаел Надал и Роџер Федерер, кои првпат се најдоа на истата страна на теренот.