Дома Фудбал Останато Податок за почит: Ајакс од 1981 година до денес само 21 минута бил без играч од академијата

Податок за почит: Ајакс од 1981 година до денес само 21 минута бил без играч од академијата

Ајакс е клуб кој е познат по својата одлична фудбалска школа, а сега пристигнува еден податок кој уште еднаш ни потврдува колку холандскиот гигант внимава на младите фудбалери.

Уште од 70-те години кога Јохан Кројф го носеше нивниот дрес овој клуб важи за „фабрика на таленти“ и од се појавија многу големи имиња во светскиот фудбал. Сега статистичарите пресметаа дека Ајакс од 1981 година па се до сега во натпреварите само 21 минута бил без играч од академијата.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Академијата на Ајакс е најважниот дел од успехот на холандскиот гигант. Од таа 1981 тие 21 минута биле направени на два натпревари во 2003 година.

Прво против Рода Ајакс бил 14 минути без играч од академијата, а потоа против Интер седум минути. Кога ќе се соберат минутите на сите натпревари од 1981 се доаѓа до бројка од вкупно 158.479 минути.

Што може да се каже на еден ваков податок освен да се честита, Ајакс покажува дека и во денешниот модерен фудбал може еден клуб да се потпира на својата академија ако добро работи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Парехо: И мене ме нарекуваа пијаница, па не се расправав со навивачите како Винисиус

Фудбалерот на Виљареал, Даниел Парехо, го критикуваше однесувањето на Винисиус, кој не мож…