Дома Видео Погледнете што им правеше вчера Нејмар на играчите на Аталанта ?

Погледнете што им правеше вчера Нејмар на играчите на Аталанта ?

Фудбалерите на ПСЖ вчера се пласираа во полуфиналето од Лигата на шампионите откако во Лисабон ја поразија Аталанта со 2:1.

Еден од најдобрите во теренот беше Бразилецот Нејмар кој правеше дар-мар во одбраната на Аталанта.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Иако пропушти да реализира две 100% прилики Нејмар носеше многу за ПСЖ пред голот на Аталанта каде што беше константна закана, а на крајот беше и асистент при постигнувањето на првиот гол и учествуваше во акцијата за вториот.

Во овој натпревар Нејмар направи дури 16 дриблинзи и на тој начин стана само третиот играч во историјата на Лигата на шампионите со таков учинок во еден натпревар.

Пред него во тоа успеваа Лионел Меси против Манчестер Јунајтед во 2008 година и Хавиер Занети против Динамо Киев пет години претходно.

Во продолжение погледнете некои од најдобрите потези на Нејмар од вчерашниот натпревар:

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Уште ова го немавме видено: Свиња прекина фудбалски натпревар 🎥

Во рамките на 14. коло од Општинската лига Јасеница во Србија се одигра натпревар кој прив…