Фудбалот никогаш не престанува да изненадува, а сега изненадување видовме во натпреварот на женските селекции на Италија и Малта.
Валентина Чернола го погоди аголот од голот на Малта од слободен удар. Меѓутоа она што беше интересно при овој слободен удар е што беа поставени дури три живи ѕида.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Пред голманката на Малта стоеа три Италијанки, потоа четири репрезентативки на Малта кои го сочинуваа вообичаениот жив ѕид и уште четири Италијанки кои беа најблиску до топката.
Во моментот кога Чернола зема залет Италијанките се растрчаа во намера да ги збунат своите противнички.