Дома Фудбал Погледнете каков пенал доби Манчестер Јунајтед против Астон Вила (ВИДЕО)

Погледнете каков пенал доби Манчестер Јунајтед против Астон Вила (ВИДЕО)

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед вчера ја победија Астон Вила на гости со убедливи 0:3 во рамките од 34. коло во Премиер лигата.

Првиот гол „црвените ѓаволи“ го постигнаа во 27. минута и тоа преку Бруно Фернандеш од пенал. Меѓутоа овој пенал предизвика многу коментари во англиската јавност.

Фернандеш го нагази играчот на Астон Вила и падна на земја по што судијата Мос покажа најстрога казна. Чудно е како ВАР не реагираше и не ја промени одлуката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челзи испадна, а Естевао не доби ни минута: Алонсо под критики

Клинтон Морисон и Џоби Мекануф не ја разбираат одлуката Естевао Вилијан да остане на клупа…