Дома Фудбал Погледнете го неверојатниот кикс со кој Ливаковиќ и поклони победата на Турција

Погледнете го неверојатниот кикс со кој Ливаковиќ и поклони победата на Турција

Хрватска загуби од Турција со 1:0 во Осиек во шестото коло од квалификациите за ЕП 2024. Единствениот стрелец беше Јилмаз во 30. минута по катастрофалната грешка на Доминик Ливаковиќ.

Ова беше убедливо најлошиот натпревар за Хрватска во овие квалификации и избраниците на Златко Далиќ можат да бидат среќни што загубија само со минимален резултат.

Иако Ливаковиќ ја спаси Хрватска од поголема катастрофа, во 30. минута хрватскиот голман направи кикс и Турците поведоа.

Топката ја подигна Јилмаз, а Ливаковиќ без вистинска причина истрча на дваесетина метри од својот гол.

Многу порано турскиот офанзивец дојде до топката и лесно го мина истрчаниот Ливаковиќ и погоди за 1:0.

Киксот на Ливаковиќ погледнете го ТУКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…