Дома Фудбал Останато Погба човек на одлука, Јунајтед го елиминираше Милан 🎥

Погба човек на одлука, Јунајтед го елиминираше Милан 🎥

Вечерва Манчестер Јунајтед во Милано обезбеди пласман во следната фаза од Лигата на Европа откако со минимални 0:1 славеше против Милан.

Во првото полувреме и двете екипи како да се плашеа од грешка, па повеќе внимаваа на својот гол отколку што се обидуваа да бидат опасни пред противничкиот. Таквата игра беше причина да не видиме гол во првите 45 минути.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кога е играта во прашање, не видовме многу промени и во вториот дел, но Манчестер Јунајтед искористи една прилика и така го реши прашањето на победникот. Голот на одлука после една мешаница го постигна Пол Погба.

Останатите три натпревари завршија со победи од по 2:0. Виљареал дома го обезбеди пласманот против Динамо Киев, Ајакс на гости кај Јанг Бојс дојде до уште една победа, а Славија Прага по ремито во првиот натпревар вечерва на гости го елиминираше Ренџерс на Џерард.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…