Дома Фудбал Погба пред крај на кариерата: Обвинителот побара максимална казна!

Погба пред крај на кариерата: Обвинителот побара максимална казна!

Фудбалерот на Јувентус и екс-француски репрезентативец Пол Погба кој падна на допинг-тест е суспендиран, но се уште не е познато на колку време ќе биде неговата суспензија.

Италијанските медиуми денес пренесуваат дека обвинителот побарал максимална казна од четири години суспензија за играчот од средниот ред.

Суспензија од четири години многу веројатно ќе значи и крај на кариерата за францускиот фудбалер кој во изминатиот период имаше и сериозни проблеми со повреди.

Погба одредено време се соочува со проблеми, а токму и поради повредите многу малку играше во Јувентус по враќањето од Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Галијани влегува во игра за врвот на ФИГЦ, Малаго брои 13 сојузници

Дел од клубовите во Серија А го разгледуваат Адријано Галијани како кандидат за прв човек …