Пол Погба е задоволен од прогресот кој го прави Манчестер Јунајтед и тврди дека неговиот тим сега го има потребниот баланс и се движи во вистинска насока.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
„Сега можеме да се наречене вистински тим. Порано бевме премногу дефанзивни или премногу офанзивни и немавме баланс на теренот. Сега се гледа дека имаме баланс, напредокот е огромен“,смета Погба.
Денес „црвените ѓаволи“ го пречекуваат Саутемптон и ако не загубат ќе ја продолжат серијата од 17 меча без пораз во сите натпреварувања.
„Има уште многу работа, не сме готов тим, но сме на вистинскиот пат. Ако продолжиме вака мислам дека ништо не може да не спречи да бидеме таму каде што припаѓа овој клуб. Одлично се чувствуваме, таков е менталитетот кога имаш добри резултати“, додаде Погба.
Pogba: Manchester United 'a proper team' now https://t.co/F5OkNUq2gZ
— cymru.futbol (@cymru_futbol) July 13, 2020