Дома Топ вести Погба и Реал – нешто големо се спрема

Погба и Реал – нешто големо се спрема

Не е ова прв пат Пол Погба да се поврзува со Реал Мадрид, но со враќањето на Зидан на клупата на „кралевите“ шпекулациите дополнително се засилија.

Пред околу еден месец постоеше проблем помеѓу Реал и Раиола кој изгледаше прилично комплициран. Но сега работите се променети. Дошло до два телефонски разговори помеѓу овој менаџер и Реал Мадрид, пишува „Марка“.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Во тие два разговори Раиола наводно ја потврдил желбата на Погба да го напушти Манчестер Јунајтед и да пронајде место во Реал. Тоа не е ништо ново. Дури и кога заминуваше од Јувентус размислуваше за Реал, но тогаш Јунајтед се појави со поголема понуда.

Погба е играч за кој Зидан има позитивно мислење, а се и сонародници. Дека стилот на игра на Погба му се допаѓа, Зидан не криел и сега кога се врати во Реал оваа опција е одново отворена. Во Мадрид сметаат дека Погба е играч кој добро би се прилагодил во тимот на Реал.

Се она што се случувало помеѓу Погба и Жозе Мурињо го натерало Французинот да размислува за промена на средината. Не криеше дека има проблеми со Португалецот. Со заминувањето на Мурињо се промени опкружувањето околу Погба, но не и неговиот став.

Според информациите кои ги има „Марка“ Французинот сака промена и преферира трансфер на „Сантиаго Бернабеу“. Неговото барање од Раиола било јасно и сега тој прави се што е неопходно за да ги задоволи апетите на својот клиент.

Во Манчестер Погба има уште две години од договорот, платен беше 114 милиони евра, а неговата плата изнесува околу 14 милиони евра годишно и тоа не би требало да биде проблем за „кралевите“.

Раиола откако омал два разговори со Реал Мадрид се очекува во следните денови да пристигне во Манчестер, па и официјално да започнат преговорите за трансфер на Французинот во Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Повеќе нема дилеми: Познати детали од договорот на Компани и Баерн

Познатиот германски новинар Флоријан Плетенберг на Твитер објави дека Баерн конечно ја зав…