Ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Пол Погба готово сигурно ќе го напушти „Олд Трафорд“ на крајот на сезоната.
Договорот на Погба истекува во јуни 2022 година и раководството на Манчестер Јунајтед го притиска Французинот да даде конечен одговор дали ќе ја продолжи соработката.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Наводно, Погба неодамна имал средба со својот агент Мино Раиола и двајвата се договориле Французинот на лето да ја промени средината.
За него силен интерес покажуваат ПСЖ, Реал Мадрид и Јувентус, кои веќе ја започнаа битката за неговиот потпис.
Погба преферира да се врати во Јувентус, но тоа во момнетов изгледа како „невозможна мисија“ бидејќи „бјанконерите“ во моментов не можат да си дозволат плата од 15 милиони евра по сезона.