Дома Македонски спорт Мак фудбал Повторно бурно во Гостивар: „Кастриоти“ го бркаат главниот спонзор затоа што го „потурчил“ клубот?!

Повторно бурно во Гостивар: „Кастриоти“ го бркаат главниот спонзор затоа што го „потурчил“ клубот?!

Беше бурно неодамна во Гостивар кога главниот спонзор прво најави заминување, па потоа се предомисли и остана, но сега повторно има турбуленции и повторно поради слични работи кои не се поврзани со фудбалот.

Спонзорот на Гостивар од Турција одработи одличен преоден рок во кој доведе голем број засилувања. Тргна клубот во поход кон влегување во Втората лига и по 11 кола се на бод заостанување од лидерот Вардар.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Но, навивачката група „Кастриоти“ сака да го избрка турскиот спонозор затоа што според нив го „потурчил“ клубот. Навивачите се бесни затоа што клубот не ги споделува објавите само на албански јазик, а паралелно создавал и навивачка група.

„Ти ги отворивме вратите од стадионот зашто мислевме дека имаш добри намери за спортот во Гостивар, ама само Бог знае каков ти е беграундот. Прво му го смени името на клубот од „КФ Гостивари“ во „Гостивар Футбол Клубу“, па почна тренд за паралелна навивачка група, па пропаганда по автобусите со политичка позадина која нема ништо со спортот.

Непрофесионализам на администраторите на социјалните мрежи кои ги блокираат граѓаните и навивачите да коментираат. Славите туѓи празници кои немаат ништо со градот и нацијата, ни бришете графити на стадионот, им забранувате на играчите да слават со нас и ги избркавте сите деца на Гостивар.

Затоа после состанокот во општината со раководството побаравме и се договоривме за шест работи:

Да се врати името КФ Гостивари, клупските бои да не се менуваат, да не се формира паралелна навивачка група, на социјалните мрежи да се пишува само на еден јазик (албански – н.з.), администраторот да биде професионалец од општината и да нема провокативни постери на стадионот.

Но, чудно тие го сменија своето мислење и од денеска тргнуваме во битка за да си замине ‘шефот’. Подобро втора лига со идентитет, одошто Прва лига – без идентитет. Ги повикуваме сите граѓани на Гостивар да се вклучат јавно во кампањата“, објавија навивачите во соопштението.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Милан во пол-позиција за новата холандска ѕвезда

Најголемите италијански клубови покажуваат сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа З…