Јувентус е непоразен и после 13. коло во Серија А. Бјанконерите на гостувањето ја победија Аталанта со 1:3.
Старата дама одигра многу лош натпревар до 15 минути пред крајот, но успеа да стигне до 11. триумф во сезоната со головите на Игуаин и Дибала.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Голема врева на Апенините крена вториот гол на Јуве, поточно ситуацијата која претходеше на одличната акција при погодокот на Игуаин.
Имено, при одземање на една топка Квадрадо играше со рака, но судијата не ја прекина играта.
Скај Спорт ја објасни оваа ситуација и според правилата не беше можно да се користи ВАР бидејќи видео технологијата се консултира само кога станува збор за грешки во фазата на напад.
Со оглед на тоа дека во оваа ситуација Квадрадо играше со рака на својата половина и во одбрана не можеше да се употреби ВАР па судијата Роки не можеше да ја исправи својата грешка.
Односно, се работи за класичка судиска грешка која според правилата на ВАР не можеше да се исправи.
why do i wake up every single weekend & see some viral twitter video of cuadrado or de ligt getting away with something absolutely ridiculous. im so utterly sick of @SerieA_EN. https://t.co/YIoKKu6G3Z
— Ballon Dior (@interjezzy) November 23, 2019