Сините се во криза. Се чека одговорот од Роман Абрамович.
Играчите го обожаваа, навивачите и понатаму ги обожаваа. И против Вотфорд од трибините можеше да се слушне: „Антонио, Антонио…“, меѓутоа стануваа се потивки како што натпреварот изминуваше. Системот на Антонио Конте кој беше толку фален во првиот дел од сезоната започна да се распаѓа како „кула од карти“.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Пред една недела 0:3 против Бурнемоут во среде Лондон, па пораз од Вотфорд 1:4, а Барселона е на распоредот за две недели. Ако Бурнемоут и Вотфорд, можат да им дадат по три и четири гола, што тогаш може да му се случи на Челзи кога ќе сретне со Лионел Меси и друштвото…?
Конте барем до овој момент тврди дека не е загрижен.
„Не, не сум загрижен. Работам секој ден и давам 120% од себе, ако тоа не е доволно, тогаш добро. Совеста му е чиста. Мирно одам во кревет. Клубот може да донесе различни одлуки, но животот оди понатаму. Утре е нов ден, можеби ќе бидам тренер на Челзи, можеби не, но совеста ми е чиста“.
Сепак сигурно дека дел од вината има и италијанскиот стручњак, а во медиумите се добива впечаток дека поминува низ она што поодамна го мачеше Жозе Мурињо. И тој после првата сезона во која беше одличен, потона во втората колку и тоа тој да го демантира јасно беше дека соблекувалната му го сврте грбот, а изгледа дека се нешто слично му се случува и на Италијанецот.
Да, играчите го обожаваа, но Конте не е тренер кој екипата ја води со убав збор. Тој е тренер со војнички манири. Заповедник, немилосрден, никогаш задоволен…Англиските медиуми веќе некое време пишуваат дека фудбалерите се незадоволни од строгиот режим на „Стенфорд Бриџ“. Јавна тајна е дека најмногу на удар се Рос Баркли и Тијем Бакајоко.
Но, не се само тие проблемот. Бидејќи никој од нив не е толку важен за Челзи. Локалните медиуми се сигурно дека Конте го „рушат“ они искусните. Секако Конте не сака то јавно да го признае, сепак не крие дека не му се допаѓа однесувањето на тимот во одредени моменти.
„За да играте во голем клуб морате да имате и одредени човечки особини. Во вакви тешки моменти ќе видиме кој е играч за голем клуб, кој ќе даде се од себе за тимот, кој е спремен да ризикува…“, изјави Конте.
Дел од фудбалерите како што кажавме не се задоволни од методите на Италијанецот и тоа наводно го кажале на новинарите. Иако веќе еднаш фудбалерите на Челзи го проемнија тренерот (Мурињо), Конте е сигурен дека такво нешто не може да му случи
„Дали навистина мислите дека клубот ќе го отпушти тренерот поради играчите? Дали мислите дека имаат толкава моќ? Да? Тоа е погрешно размислување“, зборуваше Конте.
Со оваа изјава Конте можеби и малку ја провоцира екипата…Дали е спремен е на „војна“ останува времето да покаже…