Бразилскиот фудбалер Родриго се повреди и ќе паузира најмалку три месеци, а тоа ќе влијае на иднината на Лука Јовиќ.
Шпанските и српските медиуми пишуваат дека ова ќе му даде нова шанса на напаѓачот Лука Јовиќ, кој би можел да добие поголема минутажа.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Јовиќ пристигна како големо засилување од Ајнтрахт, но разочара со досегашните настапи во Мадрид, па се сметаше дека сигурно ќе ја промени средината во јанури.
Поради повредата на Родриго, Зидан ќе ги промени плановите и ќе му даде последна шанса на Јовиќ.