Дома Фудбал Англија Повредата на Жота е посериозна, го пропушта дербито со Челзи

Повредата на Жота е посериозна, го пропушта дербито со Челзи

Повредата на Диого Жота е посериозна отколку што се очекуваше и според медиумите Португалецот има повредени лигаменти на глуждот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Жота со сигурност ќе го пропушти дуелот со Норвич утре, а најверојатно нема да биде на располагање и за финалето во Купот со Челзи на 27 февруари.

После мечот со Интер, Клоп откри дека го заменил Жота на полувремето поради повреда на глуждот. Вчера Португалецот беше на детални лекарски прегледи, кои утврдија мало оштетување на лигаментите.

Жота е во одлична форма од почетокот на сезоната и до овој момент има постигнато 17 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Од денеска е јасно дека Златан Ибрахимовиќ одлучува за апсолутно сè во Милано

Ситуацијата во Милано повторно е во центарот на вниманието на италијанските медиуми по нов…