Вчера Џанлуиџи Буфон објави дека го напушта Пари Сен Жермен и најави враќање во Италија.
Буфон после само една сезона ќе го напушти ПСЖ. Кога пристигна Буфон со клубот од Париз потпиша договор на една година со опција истиот да се продолжи на уште една, но тоа не се случи и тој не се задржа подолго во Париз.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Им благодарам на сите што имав прилика да живеам во Париз. Благодарен сум на заедничките емоции. Дојдов тука исполнет со ентузијазам и одлично дочека од страна на навивачите. Денес ја завршувам својата авантура надвор од Италија. Благодарен сум на претседателот, соиграчите и навивачите“, гласеше изјавата со која Буфон вчера објави заминување.
Денес „Ла Република“ пишува дека за Буфон интерес покажал клубот кој оваа сезона се врати во Серија А, Бреша.
Исто така се додава дека Бреша не е единствениот италијански клуб кој го сака Буфон. Наводно, Буфон разговарал со Франческо Тоти за да се пресели во Рома, а покрај тоа се поврзуваше уште со Џенова, Лацио и Парма.
Пред Буфон се понуди од САД и Кина, но според информациите, но и последниот дел од неговата изјава „ја завршувам својата авантура надвор од Италија“ тој сака враќање во татковината.