Денес репрезентацијата на Македонија од 18:30 часот ќе го игра вториот натпревар од квалификациите за Европското првенство, а противник ќе ни биде селекцијата на Швајцарија.
Финците убедливо ги победивме, но тоа не треба да не залажува, сега пред ракометарите е првиот посериозен испит во квалификациите. Добро знаеме какви ќе ни бидат шансите против една Данска и затоа денешниот натпревар против Швајцарија треба да биде најважниот, оној во кој ќе дадеме се од себе за победа.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Токму двомечот со Швајцарците многу веројатно ќе одлучува кој ќе биде вториот патник од нашата група на континенталниот собир во 2021 година затоа мотивот денес треба да биде на највисоко ниво.
Проблем ќе биде што денес нема да сметаме на Дејан Манасков кој остана во Скопје. Манасков не можеше да отпатува во Швајцарија поради Ковид протоколите, па остана во Скопје за да нема проблеми со враќањето во Унгарија. Сега него треба да го замени Бојан Маџовски од Е.Пелистер кој против Финска беше солиден.
Македонската спортска јавност покрај стандардните Стоилов, Пешевски, Лазаров, Талески…Очекува да го види и Дарко Георгиевски. Георгиевски доби 15-тина минути против Финска и постигна три гола од три обиди и покажа дека може да биде вистинско освежување. Затоа ќе биде интересно да се види ако добие шанса како ќе се снајде и против Швајцарија.
Со победа денес ќе дојдеме на чекор од пласма нна Европското првенство, па се надеваме дека ќе дојдеме до истата.