Дома Македонски спорт Мак фудбал Победа претстави три засилувања

Победа претстави три засилувања

На првиот ден од летниот преоден рок прилепскиот второлигаш Победа ангажира три засилувања. Од денес нови црвено-бели се: Бојан Спиркоски, Дарко Дигаловски и Игор Момировски.

26-годишниот Спиркоски практично по 5 години се враќа во Победа откако по заминувањето од Прилеп ги бранеше боите на Брегалница, Лабунишпта, Силекс и Велешта. Станува збор за веќе докажан офанзивен везен играч кој треба да биде големо засилување на Победа.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Дарко Дигаловски(24 години) игра на стоперската позиција и треба да биде значајно засилување во одбраната на Победа во новата сезона. Се работи за играч кој настапувал за неколку национални младински селекции, со Металург во Првата лига, а потоа и за Тиквеш, Брегалница и Саса, од каде доаѓа во Прилеп.

Најмлад од тројцата нови фудбалери е 21-годишниот играч од средниот ред Игор Момировски. Тој потекнува од младинската школа на Пелистер каде настапуваше и во сениорска конкуренција а минатата сезона беше стандарден првотимец на Слога Виница.

Со ангажирањето на првите 3 засилувања на стартот од преодниот рок Победа ја најавува својата најсериозна кандидатура за 1-то место во новиот второлигашки шампионат и враќање во Првата лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Барди: Во Шпанија ме споредуваа и со Меси!

Maкедонскиот репрезентативец Енис Барди кој настапува во дресот на Трабзонспор во интервју…