Најскапиот фудбалер во историјата и најголемата бразилска ѕвезда во овој момент е осудена поради неплаќање данок.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Пред Федеративниот суд во Бразил, Нејмар е осуден поради неплаќање данок од продажбата на неговите фотографи и е казнет со еден милион евра.
Нејмар е обвинет за неплаќање данок во периодот од 2011 до 2013 година. Обвинителите наведуваат дека користел лажни фирми за да плаќа помал данок, а на крајот ја оштетил државата за огромна сума.
На Бразилецот пред две години му беше запленет имот во износ од 50 милиони евра поради финансиски малверзации при трансферот во Барселона.
Да потсетиме, претходно многу фудбалски ѕвезди имаа проблем со законот. Лионел Меси мораше да плати огромна сума додека во овој момент во судот во Шпанија во тек е и процес против Кристиано Роналдо.