Дома Македонски спорт ПК Бета со медали од два меѓународни натпревари

ПК Бета со медали од два меѓународни натпревари

Изминатиот викенд нашите пливачи успешно настапија на два пливачки натпревари. „Немо куп“ во Скопје каде успеаа да освојат 38 медали од кои 11 златни, 10 сребрени и 17 бронзени.

За најдобри пливачи во нивните категории беа прогласени Сара Атанасовска, Ива Китановиќ, Миа Блажевска Еминова и Мартин Стефановски. Воедно Миа Блажевска Еминова постави нов кадетски и рекорд на постари пионери во дисциплината 50 метри грбно со време 33,71 секунди.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Нашиот пливач Давор Петровски имаше настап на силниот меќународен натпревар „Младост” во Загреб, Хрватска каде успеа да се избори за финале и исплива свое најдобро време во дисциплините 200 метри делфин каде освои и сребрен медал и 100 метри делфин каде освои и бронзен медал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

ГРК Тиквеш доби силен спонзор од својот град

Екипата на ракометниот суперлигаш Тиквеш од Кавадарци се пофали со нова соработка за следн…