Дома Фудбал Англија Пирс Морган по дебаклот на Јунајтед ги дочека своите „пет минути“

Пирс Морган по дебаклот на Јунајтед ги дочека своите „пет минути“

Пирс Морган покрај тоа што е еден од најпознатите новинари тој е и голем фан на Кристијано Роналдо. Токму кај него Роналдо го имаше последното интервју во Европа по кое го раскина договорот со Манчестер Јунајтед.

Пред натпреварот со Ливерпул, Тен Хаг изјави дека немал избор и морал да го отстрани Роналдо.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Имав свои причини поради кои се откажав од Роналдо. Тие беа премногу очигледно, а свесен бев дека ќе има негативни последици за мене.

Сепак, не се грижев и спиев мирно. Јас треба да носам одлуки во интерес на клубот. Размислувавме на долг план и имавме доволно време за да донесеме конечна одлука“, гласеше изјавата на холандскиот стратег.

По натпреварот кој Јунајтед го изгуби со 7:0, Морган објави неколку фотографии и го повика Тен Хаг дури и да си даде оставка, но јасно е дека тоа нема да се случи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Интер е нов шампион на Италија!

Тимот на Интер е новиот шампион на Италија откако го победи градскиот ривал со 2:1 во мила…