Дома Фудбал Италија Пирло се соочува со проблеми пред вечерашниот натпревар со Кротоне

Пирло се соочува со проблеми пред вечерашниот натпревар со Кротоне

Фудбалерите на Јувентус вечерва играат на гости против Кротоне во 4. коло од Серија А.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Репрезентативната пауза заврши, а за Јувентус не помина баш најдобро. Имено, во Торино со коронавирус се заразени Кристиано Роналдо и Вестон Мекени кои сигурно ќе го пропуштат наредното коло.

Тоа не се единствените лоши вести за Андреа Пирло пред вечерашниот натпревар. Имено, за Кротоне не се спремни Арон Рамзи и Алекс Сандро кои имаат проблеми со повреди. Рамзи се повреди играјќи за Велс додека Сандро и Де Лихт веќе некое време се надвор од терените. Затоа за Пирло ова може да биде голем тест.

Меѓутоа Пирло има и малку добри вести, во составот на Јувентус се враќа Паоло Дибала кој се опорави од повреда, а за „старата дама“ би можел да дебитира и Федерико Киеза кој дојде од Фиорентина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Кињонес го постигна третиот најбрз гол во отворачки натпревар на Мондијалот

Напаѓачот на Мексико Хулиан Кињонес го разбуди стадионот „Ацтека“, постигнувајќи го првиот…