Дома Фудбал Останато Пирло за играчот кој го нарекуваат негов наследник: Слични сме само по фризурата и по играњето за Бреша

Пирло за играчот кој го нарекуваат негов наследник: Слични сме само по фризурата и по играњето за Бреша

Eден од играчите за кого многу се пишува во италијанските медиуми во последните месеци е играчот за врска на Брешка, Сандро Тонали.

Станува збор за момче кое има само 20 години, а веќе го привлече интересот на бројни италијански гиганти.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Многумина веќе започнаа да го споредуваат со легендарниот Андреа Пирло, па на таа тема се огласи и самиот Пирло. Поранешниот фудбалер на Милан и Јувентус не го гледа Тонали како негов наследник затоа што смета дека се различни типови на играчи.

„Тој не е тип на играч како мене. Повеќе личиме по тоа што и тој игра во Бреша и јас, исто така имаме слични фризури. Го гледам како поинаков тип на фудбалер. Покомплетен е од мене. Подобар е во фазата на одбрана и поставувањето. Тој е микс на мене и некои други играчи. Сигурно во овој момент е најталентираниот италијански играч за врска, но како што кажав не го гледам како мој наследник затоа што игра поинаков фудбал. Убеден сум дека ќе стане голем играч“, изјави Пирло.

Инаку Тонали во последно време најмногу се поврзува со Интер и Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ливерпул има нов фаворит за наследник на Клоп

Тренерот на Феенорд, Арне Слот, е новиот фаворит за тренерската позиција во Ливерпул, прен…