Дома Фудбал Лига на шампиони Пиоли: Одиме во Ливерпул да се надигруваме

Пиоли: Одиме во Ливерпул да се надигруваме

Милан после седум години се врати во Лигата на шамиони и утре ќе му гостува на Ливерпул на „Енфилд“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Росонерите“ ќе бидат и без Златан Ибрахимовиќ на ова гостување, но тренерот Пиоли изјави дека нема да се исплашат пред силниот противник и одат на „Енфилд“ да се надигруваат.

„Конечно Милан се враќа таму каде што припаѓа. Нашата група е многу силна, но ние сакаме да направиме наша приказна во Лигата на шампиони. Ливерпул е еден од најсилните тимови во Европа, но ние одиме на „Енфилд“ да се надигруваме“, изјави Пиоли.

„Ибрахимовиќ ќе беше стартер, но почуствува болка во тетивата и ќе остане во Милано, но ќе се врати набрзо. Жиру е спремен за игра, го имаме и Ребиќ кој одигра одлично против Лацио. Во Серија А започнавме одлично, но во ЛШ нивото е многу повисоко, а ние сакаме да покажеме дека можеме да играме на такво ниво“, додаде италијанскиот тренер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Барселона подготвува спектакуларно засилување кое би ги воодушевило навивачите!

Барселона оствари контакти со претставниците на Хари Кејн за да ја испита опцијата за потп…