Од 11 часот денес започнува мундијалската програма, а првиот натпревар е помеѓу Србија и Камерун кој е и тоа како важен за нашиот сосед.
Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ-Пикси истакна дека по поразот од Бразил за нив сега започнува вистинското Светско првенство.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„За нас Мундијалот практично почнува по натпреварот против Бразилч. Во мојата глава пред дуелот со Бразил имаше страшна конфузија и тоа еден ден ќе морам да го објаснам. Остануваме позитивни и гледаме напред. Добро е што Бразил помина, па сега имаме противници со кои можеме да играме „лице во лице“, верувам дека можеме да продолжиме понатамму“.
На прес-конференцијата Пикси исто така истакна дека пред доаѓањето во Катар имале големи проблеми.
„Ситуацијата со повредите е многу подобра отколку од пред четири или пет дена. Верувајте кога дојдов во Катар не знаев кој ќе стартува, седум-осум играчи не тренираа, меѓутоа тоа не можев јавно да го кажам“, изјави Пикси.