Дома Фудбал Останато Пике избра против кого му било најтешко да игра: Од него не смееш да го тргнеш погледот ниту минута

Пике избра против кого му било најтешко да игра: Од него не смееш да го тргнеш погледот ниту минута

 Жерар Пике пред една година одлучи да стави крај на својата кариера во која играше за Сарагоса, Манчестер Јунајтед и Барселона, секако најдобрите денови и најголем дел помина во каталонскиот гигант.

Пике со Барселона и Шпанија освои се што можеше да се освои од Лигата на шампионите до Европското и Светското првенство. Одигра голем број натпревари против најдобрите напаѓачи во светот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сега Пике призна дека наjмногу проблеми му создавал Кристијано Роналдо.

„Дефинитивно најдобар фудбалер против кој сум играл е Роналдо. Кога играш против него не смееш ниту минута да го тргнеш погледот“, изјави Пике.

Пике надвор од теренот важеше за добар пријател на Португалецот, меѓутоа на терените водеа жестоки битки во 33 натпревари во кои играа еден против друг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…