Дома Фудбал Пике за скандалот кој го направи Манзано: Тоа немаше никаква смисла…

Пике за скандалот кој го направи Манзано: Тоа немаше никаква смисла…

Во викендот кој е зад нас Валенсија и Реал Мадрид ги поделија бодовите 2:2, а по оваа средба најмногу се зборува за потегот на судијата Хесус Хил Манзано во завршницата.

Манзано досуди крај на натпреварот само неколку секунди пред Реал да постигне гол за 3:2. Ваквиот негов потег предизвика многу коментари, а сега се огласи и Жерар Пике.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Пике смета дека грешката Манзано ја направил што претходно означил крај на натпреварот. Исто така тој посочи дека Манзано е судија кој знае често пати да погреши.

„Сите знаеме на какво ниво е. Ме исклучи на „Ел Садар“ кога јас не кажав ништо. Тоа сега не ми е многу важно, тој има историја што не ја разбирам, кога сте меѓународен судија мора да сте на високо ниво. Не е првпат да направи таков скандал.

 Разбирам зошто во Мадрид се жалат, требаше да свирне крај многу порано, кога веќе задоцни немаше смисла да означува крај при нафрлкување“, изјавил екс-фудбалерот на Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шкупи доби нов генерален директор

Ајкут Туран официјално презеде функцијата генерален директор – извршен директор на фудбалс…