Не е тајна дека Португалецот Жозе Мурињо имаше огромна желба на „Олд Трафорд“ да го доведе Ерик Дајер од Тотенхем, но…
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Мурињо полека ги склопува коцките за новата сезона, а прво засилување беше централниот дефанзивец Виктор Лиделоф кој пристигна од Бенфика.
Нема сомневање дека Мурињо ќе ги засилува и останатите линии, а една од неговите најголеми желби беше играчот од средината на Тотенхем, Ерик Дајер.
Англискиот репрезентативец пристигна од лисабонски Спортинг и на „Вајт Харт Лејн“ прикажува фантастични настапи. Дајер започна како дефанзивец, но под водство на Покетино доби „унапредување“ во средниот ред.
Португалецот смета дека Дајер одлично би се вклопил со Ерера и Погба, но Тотенхем за услугите на овој фудбалер бара неверојатни 50 милиони евра, што веројатно ќе го примора „Специјалниот“ да побара нова мета.