Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Петковиќ: Ливи ни ја олесни работата, највредниот гол во мојата кариера

Петковиќ: Ливи ни ја олесни работата, највредниот гол во мојата кариера

Репрезентацијата на Хрватска приреди големо изненадување откако вечерва го победи Бразил на пенали во четвртфиналето од Светското првенство.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во продолжението стрелец на голот беше Бруно Петковиќ кој го изедначи резултатот во 117. минута. Како и останатите репрезентативци и Петковиќ тешко можеше да ја опише радоста.

„Не знам што да кажам…Не можам да опишам! Ова беше највредниот гол во мојот живот. Татко ми секогаш вели дека ќе дадам гол, треба почесто да го слушам. Ливи ни ја олесни задачата. Имаше драма, но покажавме дека не сме случајно тука“, изјави Петковиќ.

Интересно е што како и пред четири години Хрватска повторно сигурно чекори на Мундијалот со победи на пенали. Во Русија Хрватска сллавеше во сите нокаут рунди до финалето по изведување пенали. Во полуфиналето, противник на Хрватска ќе биде Холандија или Аргентина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Нова изјава на Марез ја разгоре сомнителната ситуација на Светското првенство

Најистакнатиот фудбалер на Алжир, Ријад Марез, се најде во центарот на јавноста поради сво…