Дома Фудбал Перишиќ го откри клубот за кој сака да игра следната сезона

Перишиќ го откри клубот за кој сака да игра следната сезона

Хрватскиот репрезентативец, Иван Перишиќ се гледа во Баерн и откако што ќе му истече позајмциата.

30-годишниот Перишиќ во Баерн пристигна на позајмица од Интер за која Баерн плати пет милиони евра, а по завршување на сезоната Германците ќе можат да го откупат неговиот договор за 25 милиони евра. Денеска игра редовно во Баерн и не крие дека направил одличен потег што пристигнал во Баерн, а кога е така и не изненадува тоа што сака да биде во Баерн и повеќе од една сезона.

„Верувам во себе, сметам дека можам да ги убедам лидерите на Баерн да ме задржат. Тоа е моја желба и се што е во моја можност ќе направам за да го направам тоа“, изјави Перишиќ.

Перишиќ до сега има одиграно три првенствени натпревари и постигна два гола и забележи една асистенција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

За Хрватска паузира поради коленото, за Хофенхајм игра: Што се случува со Крамариќ?

Андреј Крамариќ одигра 70 минути против Шалке, иако ќе го пропушти репрезентативниот собир…