Дома Топ вести Перез ја соопшти понудата, се е на играчот – ќе бидеме ли сведоци на нов „предавнички“ трансфер?

Перез ја соопшти понудата, се е на играчот – ќе бидеме ли сведоци на нов „предавнички“ трансфер?

umtiti

Нема дилеми се останува на играчот, доколку пишувањата на шпанските медиуми се реализираат би биле сведоци на нов „предавнички“ трансфер…

Преговорите се во тек, но Самуел Умтити не се согласува на условите кои Барселона му ги нуди. Наводно Умтити бара неговата плата да биде блиску до онаа на партнерот од одбраната и долгогодишен член на Барселона, Пике.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пике заработува 12 милиони евра и барањето на Умтити не му се допадна, тој смета дека Умтити го уценува клубот.

Манчестер Јунајтед кој е заинтересиран изгледа е спремен да понуди околу 10, а сега како што пренесуваат шпанските медиуми во трката се вклучува Флорентино Перез!

Умтити има клазула од 60 милиони евра и тоа не би претставувало никаков проблем за „кралевите’, а кога станува збор за платата истата би изнесувала околу осум милиони евра, плус бонуси што би довеле до она што го нуди Јунајтед.

Дали ваквиот расплет е реален?

Умтити би морал да направи навистина тежок чекор, тој би бил трет фудбалер кој од Барселона преминал во Реал во овој век. Еден сите го знаете, Луис Фиго токму за сума од 60 милиони евра што беше рекорд во тоа време. На вториот ретко кој се сеќавам Зеке Савиола премина од Барселона во Реал во 2007 година, но Каталонците претходните две сезони пред да потпише за Реал го испраќаа на позајмици во Монако и Севиља.

Ќе видиме што ќе се случува Барселона веќе му бара замена, се верува дека Маркос Алонсо од Челзи може да игра на позицијата централен дефанзивец, ги имаат Вермален и Мина. Умтити би останал, но за многу поголема плата од онаа која ја има во овој момент.

Клазулата е релативно ниска во споредба со денешните суми во фудбалот бидејќи во Барселона не очекуваа за кратко време Умтити толку брзо да се развива.

Имено, Каталонците бараат од Французинот да се изјасни пред крајот на шампионатот, ако ја одбие понудата тие многу веројатно ќе го стават на трансфер листата и ќе бараат нов дефанзивец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед со богата понуда за Рабио

Манчестер Јунајтед спрема  понуда за ѕвездата на Јувентус и француската репрезентациј…