Дома Фудбал Италија Перез: Среќен сум што Милан се буди, тие се нашиот најголем ривал!

Перез: Среќен сум што Милан се буди, тие се нашиот најголем ривал!

Реал Мадрид е најтрофејниот клуб во Европа, а претседателот Флорентино Перез посочи кој европски клуб е најголем ривал на „кралевите“.

Иако во последните години се позасилено е ривалството помеѓу Реал и Барса, Перез истакна дека најголем ривал на „кралевите“ секогаш бил и ќе биде Милан.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Притоа упати комплименти до миланскиот гигант и истакна дека е среќен што клубот се враќа на голема сцена.

„Милан се буди и многу сум среќен за тоа. Овој клуб отсекогаш бил, а и наредните 50 години ќе биде најголем ривал на Реал Мадрид, а тоа нема да биде Барселона или некој друг клуб“, ијави Перез за радиото „Марка“.

Милан е најблиску до бројот на освоени трофеи на Реал Мадрид, „росонерите“ имаат 7 трофеи и се второпласирана екипа во Европа, пред Барселона, Баерн и Ливерпул со по 5 трофеи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

„Бомба“: Леао за 120 милиони во Премиер лигата

Манчестер Сити е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Милан, Рафаел Леао, пренесуваа…