Дома Фудбал Перез се огласи за скандалозните снимки: Се пуштаат сега поради Суперлигата

Перез се огласи за скандалозните снимки: Се пуштаат сега поради Суперлигата

Флорентино Перез од вчера е на силен удар на медиумите. Беа објавени три дела во кои тој зборува лошо за членови на Реал Мадрид. Ако сте ги пропуштиле можете да ги прочитате тука: ПРВ ДЕЛ, ВТОР ДЕЛ, ТРЕТ ДЕЛ.

„Објавените цитати доаѓаат од разговори кои тајно ги сними новинарот Хозе Антонио Абљан кој со години безуспешно се обидува да ги продаде“, изјави првиот човек на Реал.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Перез смета дека снимките се пуштени сега поради неговото учество во Суперлигата.

„Јасно ми е дека сега стигнаа во јавноста само поради моето учество во проектот со Суперлигата. Моите адвокати детално го анализираат целиот случај“.

Подоцна стигна и одговорот на Абељан кој работи во радиот „Ла Џунга“. Тој се огласи и ги демантираше обвинувањата, тврдејќи дека се што знаел напишал во неговата книга.

„Бев со Џон и Брус, моите две кучиња во планините. Се вратив и видов дека овој циркузант халуцинира. Се што јас имав објавив во 2015 година и тоа е вистина“, напиша Абељан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…