Главна вест во Шпанија веќе два дена е Кристиано Роналдо кој наводно сака да го напушти Реал Мадрид бидејќи не чувствува повеќе среќен во Мадрид.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Претседателот Флорентино Перез не се плаши од евентуалното заминување на Кристиано Роналдо, а доколку тоа се счучи веќе има спремен план.
Главни мети на „кралевите“ меѓу останатите се Нејмар, Азар и Хари Кејн, па еден од нив би требало да биде замена за Португалецот.
Меѓутоа, денес шпанските медиуми лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека Перез веќе го одредил наследникот на Лука Модриќ и како идеално замена за Хрватот го гледа Тиаго Алкантара.
Баерн сигурно нема лесно да се откаже од еден од своите најдобри фудбалери, Перез за екс играчот на Барселона е спремен да понуди 50 милиони евра.
Покрај Реал и Барса е повторно сака да го види Алкантара на „Камп Ноу“, но прашање е дали фудбалерот е спремен да ја напушти Баварија и да се врати во Шпанија.