Дома Трансфер зона Пеп ја признава грешката – заминува едно од најскапите засилувања!

Пеп ја признава грешката – заминува едно од најскапите засилувања!

Го направи најплатен дефанзивец на светот, а сега е спремен да го продаде.

Вложувањата на Пеп Гвардиола се исплатеа, барем поголем дел од нив. Манчестер Сити ја освои Премиер лигата и Лига купот. Но, се откриваат и направените грешки во претходните две години.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Најскапата од сите е – Џон Стоунс.

Англискиот дефанзивец беше едно од првите засилувања на Гвардиола, стана најскап дефанзивец на светот кога пред минатото лето Евертон за него доби 55.6 милиони евра. Сега е ставен на продажба!

Две сезони на Гвардиола му беа доволни да заклучи дека погрешил со Стоунс. Поради тоа и во јануари беше доведен Емерик Лапорт од Баскија, а ова лето се очекува да пристигне и Тоби Алдервилд од Тотенхем.

Островските медиуми денес пишуваат дека Пеп е спремен да го продаде Стоунс доколку стигне вистинска понуда. Под вистинска понуда се подразбира барем враќање поголем дел од вложените средства бидејќи не може да се очекува да биде продаден за истата сума за која беше доведен.

Не е исклучена можноста некој премиерлигаш да се вклучи во трката за Стоунс. Меѓутоа проблем сигурно ќе претставува платата на фудбалерот кој во Сити добива 100.000 фунти неделно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи го купува најголемиот аргентински талент

Челзи е силно заинтересиран за новиот аргентински „бисер“ и сака да ја победи конкуренција…