Пред неколку дена Чави Ернандез ги изненади сите со изјавата дека дефинитивно ќе ја напушти клупата на Барселона на крајот од сезоната. Започнаа лавина шпекулации за тоа кој би можел да биде нов тренер на тимот а во приказната се вклучи и Пеп Гвардиола.
Барселона минатата недела беше елиминирана од Кралскиот куп откако беше поразена од Атлетик Билбао, а нов удар викендов и зададе Виљареал кој во првенствената пресметка ги победи Каталонците со 5:2.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
По неочекуваниот пораз од Жолтата подморница, Чави се појави пред новинарите и објави дека решил да ја напушти клупата на Барселона на крајот од сезоната.
Секако, веднаш почнаа да се поврзуваат многу имиња со каталонскиот клуб, а едно од нив е Пеп Гвардиола, кого секој навивач на Барселона би сакал повторно да го види на клупата на тимот.
Сепак, тренерот на Манчестер Сити одамна изјави дека повеќе нема да ја тренира Барса и дека може да се врати во клубот само на друга позиција.
Сепак, Гвардиола на вчерашната прес-конференција не можеше да го избегне прашањето за Барселона и Чави. Шпанецот многу добро знае низ што поминува Чави како тренер на Барселона и му даде максимална поддршка, што секако е за пофалба.
„Целосно го разбирам Чави и ја поддржувам неговата одлука. Притисокот на тренерот на Барселона не може да се спореди со ниту еден друг клуб, тој е неподнослив. Притисокот од работата во Шпанија и Англија е неспоредлив, тоа можам да ви го потврдам од лично искуство. Во Манчестер Сити имам услови кои би можел да ги посака секој тренер. Атмосферата околу клубот е одлична, раководството ме поддржува, навивачите ме поддржуваат, играчите…“, изјави Гвардиола и додаде.
“Во Шпанија притисокот е илјада пати поголем. Ова е идеална средина за тренерите. Се разбира, има многу натпревари, медиумски конференции, но се е лесно. Барселона е приказна сама по себе. Кога јас ја напуштив Барселона, зедов три месеци одмор за да се релаксирам, тоа беше идеално за мене и за моето семејство. Не се одморав многу, набрзо станав тренер на Баерн, но таа пауза добро ми дојде“.
"The pressure you feel in Barcelona is not comparable to any other club."
— Sky Sports Football (@SkyFootball) January 30, 2024
Pep Guardiola says he feels sympathy for Xavi 🤝 pic.twitter.com/LDk2w8E1GR
Гвардиола е првата желба на навивачите на Барселона во врска со нов тренер, но на сите им е јасно дека невозможно е да се очекува тоа да се случи.
Како што пишуваат шпанските медиуми, прв фаворит за наследник на Чави е германскиот стручњак Ханси Флик, а во приказната е вклучен и Роберто де Зерби кој одлично си ја врши работата на клупата на Брајтон.