Иако Сити игра фантастично и се наоѓа пред нова титула во Англија, Пеп Гвардиола ништо не препушта на случајност и во својот тим го носи 24-годишниот играч за врска Фред, со што наговести жестока битка за трофеи и во новата сезона во која би требало да остане на клупата на „Граѓаните“.
Како што се наведува, „Граѓаните“ на украинскиот тим ќе му исплатат 50,2 милиони евра за фудбалерот кој на лето би требало да пристигне на „Итхад“, а клучен во трансферот беше и некогашниот играч на Арсенал, Жилберто Силва.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Гвардиола ги обожава бразилските играч за врска, а Фред пстигинува малку да го ослободи Кевин Де Бруин, кој неодамна се повреди токму поради тоа што нема соодветна замена.
Бразилецот во Шахтјор одигра 16 натпревари во тековната сезона, постигна два погодоци, а на два беше и асистент.
Со оглед на тоа дека има договор до летото 2023. година, Шахтјор ќе профитира со неговата продажба.