Кошаркарите на Пелистер убедливо го совладаа Осијек со 97-78 во рамки на последниот турнир од регуларниот дел од сезоната во АБА2-лигата.
Кошаркарите на Пелистер беа во резултатска негатива во речиси целиот прв дел од дуелот, но со серија од 5:0 во завршните минути го презеде водството и замина на полувреме со предност од 3 поени (45:42).
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Третиот период беше клучен, а тогаш Пелистер го збриша хрватскиот состав и направи огромна предност, која само ја одржуваше до самиот крај за конечни 97-78.
Немања Малешевиќ и Игор Кесар со по 16 поени беа најдобри во таборот на македонскиот претставник, додека кај Осијек најмногу се истакна Џорџе Тополовиќ со 23 поени.