Во својата богата тренерска кариера помеѓу остантите клубови, Мануел Пелегрини имаше прилика да го води и големиот Реал Мадрид.
Чилеанецот на „Сантијаго Бернабеу“ не се задржа премногу, го водеше овој клуб само една година, а во тој период како што открива тој трпел голем притисок од одредени луѓе во управата на Реал.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во интервју за чилеанскиот „Меркурио“ тој откри дека одредени луѓе од управата на Реал се мешале во неговата работ, така што му кажувале кои играчи треба да играат.
„Некои од дискусиите кои најчесто ги имав со луѓето во Реал се однесуваа на тоа дека одредени фудбалери мора да играат. Ми зборуваа дека поединци мора да играат без оглед на се, но никогаш не сакав да се согласам на таквите компромиси“, изјави Пелегрини.
Во Реал Пелегрини соработуваше со повеќе фудбалери, а издвои двајца.
„Кристиано Роналдо и Раул беа играчи со кои најлесно можеше да се работи. Без оглед на тоа колку освоиле, тие секогаш професионално си завршуваат работата“, нагласи Пелегрини, додавајќи дека од друга страна Хуан Роман Рикелме од Виљареал бил најкомплицираниот играч со кој работел.