Дома Фудбал Останато Паузираше една година, се врати и веднаш се соочи со истата несреќа

Паузираше една година, се врати и веднаш се соочи со истата несреќа

Во последните години повредата на вкрстените лигаменти стана по честа појава на фудбалските терени, а таа се смета за една од најтешките во светот на фудаблот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Лоши вести сега го дочекаа Џеф Реин-Абделаид после натпреварот помеѓу Монако и Ница кој се играше вчера.

Овој 23 годишник се врати после пауза од скоро една година и веднаш ги скина вкрстените лигаменти на десното колено. Претходно паузираше поради истата повреда, но на левото колено.

Веднаш ќе се упати за Лион каде што ќе му биде направен оперативен зафат баш како и во 2019 година. Реин-Абделаид е играч на Лион кој оваа сезона пристигна во Ница на позајмица.

Малер за овој играч е мал збор…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Франција ги растури „викинзите“, Дембеле со хет-трик

Франција продолжи со одличната игра на Светското првенство во Северна Америка. „Петлите“ ј…