Дома Фудбал Англија Патрик Виера повеќе не е тренер на Кристал Палас

Патрик Виера повеќе не е тренер на Кристал Палас

Легендарниот Патрик Виера доби отказ во Кристал Палас по серијата слаби резултати во лондонскиот клуб.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Во овој момент тимот се наоѓа на 12-тото место, но има само три бода предност во однос на екипите од опасната зона. Сепак, тоа беше доволно предупредување за претседателот Стив Периш да реагира и да донесе одлука за промена на клупата.

„Одлуката ја носиме со тешко срце. Резултатите во последните месеци придонесоа да се најдеме во незавидна позиција и мораше да направиме промена за да го задржиме премиерлигашкиот статус. Со Патрик Виера поминавме прекрасни моменти и игравме полуфинале во ФА Купот на „Вембли“, сепак таа соработка мора да биде прекината“, објави Периш.

Промената на клупата во Палас доаѓа пред натпреварот со Арсенал во недела. Наследникот на Виера ќе биде именуван по репрезентативната пауза.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Инсајдер открива колку ќе заработува Модриќ ако остане во Милан

Лука Модриќ (40) во летото 2025 година го напушти Реал Мадрид откако му истече договорот и…