Патиките кои Мајкл Џордан ги носеше во финалната серија во НБА лигата во 1998 година се продадени за рекордни 2.2 милиони долари, објавија американските медиуми.
Потпишаните патики кои од аукциската куќа „Сотби“ проценија дека вредат помеѓу два и четири милиони долари се помеѓу најскапите предмети на Џордан ставени на аукцијата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Дресот кој го носеше во НБА финалето истата година беше продаден во 2022 година за 10.1 милиони долари.
Оваа последна продажба го потврди статусот на Џордан како спортист на кого личните работи му се продаваат по највисока цена.
„Денешниот рекорд дополнително ја потврдува побарувачката за работите на Мајкл Џордан, а очекувањата и понатаму се надминуваат“, изјави шефот на аукцијата куќа, Брам Вактер.
Претходниот рекорд исто така го држеа патики на Џордан кои беа продадени за 1.47 милиони долари на аукција во 2021 година.
Michael Jordan's 'Last Dance' shoes just became the most expensive sneakers ever sold https://t.co/xh3CSfJh7G
— CNBC (@CNBC) April 11, 2023