Дома Фудбал Италија Партичи: Се уште не разговараме со Роналдо за нов договор

Партичи: Се уште не разговараме со Роналдо за нов договор

Италијанскиот шампион вчера беше елиминиран од Лигата на шампионите, подобар во двомечот за гол повеќе на гости беше Порто и тоа е големо разочарување за навивачите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


По оваа елиминација посебно се истакнува дека Кристиано Роналдо беше доведен за да се освои ЛШ, но од тогаш „старата дама“ не бележи некој напредок во Европа, дури и порано испаѓаше во однос на годините кога Роналдо не беше во тимот.

Новинарите ги интересираше дали во Јувентус се разговара за продолжување на договорот, а тоа прашање му беше поставено на спортскиот директор Партичи.

„Роналдо има уште една година од договорот. Време за преговори и разговори затоа имаме, можам да ви кажам само дека неговиот договор не е дојден на ред“, изјави Партичи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Почина човекот поради кого беа воведени картоните на фудбалските натпревари

Поранешниот капитен на аргентинската фудбалска репрезентација, Антонио Ратин, почина во 89…