Кристиано Роналдо во последно време е во центарот на вниманието поради наводниот конфликт со Маурицио Сари.
Имено, од натпреварот со Милан наваму на големо медиумите пишуваат дека нешто не е во помеѓу стратегот на Јувентус и првата ѕвезда. Ќе потсетиме, Сари тогаш го замени Роналдо уште во 52. минута, а на негово место во игра влезе Дибала кој подоцна го реши натпреварот. Роналдо покажа незадоволство така што не се седна на клупата за резерви туку се упати во соблекувалната.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Во последното обраќање пред медиумите Фабио Партичи, спортскиот директор на Јувентус доби прашање за Роналдо, а неговиот одговор беше прилично јасен.
„Кристиано Роналдо е иднината на Јувентус и наредната година ќе потпише нов договор“, изјави Партичи.
Сезонава Роналдо до сега беше стрелец на шест гола во Серија А.