Со попладневниот прв тренинг во С.Ц. Јане Сандански, тимот на РК Вардар означи старт на подготовките за новата натпреварувачка сезона. Како што е познато нов предводник од клупата на црвено-црните ќе биде Роберто Гарсија Парондо, кој ќе го замени Раул Гонзалез. Составот претрпе неколку промени, но амбициите на клубост повторно остануваат високи и се сремат кон освојување на нови трофеи. Првата изјава на Парондо како нов тренер на Вардар, за официјалната страна на клубот, во која вели:
Ќе одиме чекор по чекор. Имаме тешка група во лигата на шампионите, но и сезоната е долга. Има време за се. Имаме нови играчи, ќе треба сето да се вклопи и да најдеме најдобар баланс. Ќе имаме плус еден голман и уште еден бек од младинската школа, и наскоро и тие ќе бидат со нас, истакна шпанскиот стручњак.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Македонија со пораз од Естонија го почна настапот во Европската златна лига

Македонските одбојкари со 3-1 во сетови беа поразени од Естонија во првиот меч од Европска…